САД СЕ ГОРДИ ШТО СТОЈАТ СО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА КАКО ДОВЕРЛИВ СОЈУЗНИК И ПАРТНЕР, КАЖА МАРКО РУБИО ЧЕСТИТАЈЌИ 35 ГОДИНИ НЕЗАВИСНОСТ

    САД СЕ ГОРДИ ШТО СТОЈАТ СО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА КАКО ДОВЕРЛИВ СОЈУЗНИК И ПАРТНЕР, КАЖА МАРКО РУБИО ЧЕСТИТАЈЌИ 35 ГОДИНИ НЕЗАВИСНОСТРубио го поздравува постојаниот раст на меѓусебното економско партнерство, вклучително и преку овогодишниот Стратешки дијалог во Вашингтон. (Фото: Стејт Департмент)

    Државниот секретар Марко Рубио, во име на американскиот народ, упати честитки до граѓаните на Северна Македонија по повод одбележувањето на 35 години независност на државата.

    Соединетите Американски Држави се горди што стојат со Северна Македонија како доверлив сојузник и партнер, вели Рубио. Тој додава дека земјата има важна улога во зајакнувањето на регионалната безбедност и стабилност преку посветеноста на заедничката одбрана, како и преку соработката во борбата против тероризмот и сајбер безбедноста.

    Рубио го поздравува постојаниот раст на меѓусебното економско партнерство, вклучително и преку овогодишниот Стратешки дијалог во Вашингтон. Како што наведува тој, преку заедничко дејствување се унапредуваат можностите во енергетиката, инфраструктурата, технологијата и други области со цел зајакнување на просперитетот на двете земји.

    Тој на граѓаните им посака среќен Ден на независноста, како и континуиран мир, безбедност и напредок во годините што претстојат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира