На Инфективната клиника во моментов се хоспитализирани 94 пациенти и само околу 10 % се вакцинирани со две дози вакцини и истите се со полесна клиничка слика, соопштија вечерва од Министерството за здравство.
Претходно, од Министерството за здравство кажаа дека во текот на вчерашниот ден е забележан значително зголемен интерес за вакцинација помеѓу граѓаните. Прва доза вакцина вчера примиле 12.049 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 18.877 граѓани, а заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 599.716 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.079.049 дози вакцини, а ревакцинирани се 479.333 граѓани.
Во изминатите 24 часа беа регистрирани 999 нови случаи на ковид-19 од 7.245 тестирањa (или 13.7 отсто од тестираните), како и 14 починати.