САМО 4 ЖЕНИ НОСИТЕЛИ НА ЛИСТИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    САМО 4 ЖЕНИ НОСИТЕЛИ НА ЛИСТИ

    Само четири жени се носители на пратеничките листи на политичките партии за претстојните парламентарни избори кои треба да се одржат на 11 декември.

    Во изборната единица – 3, жени носители на пратенички листи имаат коалицијата „За промени и правда“ – Весна Стојменовска и Левица – Марија Џонс.

    Во четвртата изборна единица, само Либералната партија – Даница Јованова и во петтата изборна единица, носител на листа е Радмила Шеќеринска од коалицијата предводена од СДСМ.

    Според последните измени на Изборниот законик, застапеноста на женскиот пол на пратеничките листи е зголемена од 30 на 40 отсто. На првите три места мора да има по една жена.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира