Собранието денес во 18 часот ќе одржи седница која ќе бидат на дневен ред ќе бидат ставени изборот на Државната изборна комисија (ДИК), и законите за финансирање на партиите и за Влада, со кои пред секои избори ќе се формира техничка влада според договорот од Пржино. Седницата ќе ја води претседателот на Собранието Талат Џафери.
Фаворити за членови на ДИК од ВМРО-ДПМНЕ се експратеникот Оливер Дерковски, кој треба да биде претседател на Комисијата, а за член Елизабета Постоловска.
Од СДСМ се Борис Кондарко, поранешен претседател на ДИК, Јанаке Витановски и Радица Ристевска.
ДУИ ја предлага Дитмире Шеху, а тетовското крило на Движењето Беса, Енвер Салиу.
За сабота е најавено Собранието да одржи седница за распишување референдум. За ова прашање засега нема договор меѓу власта и опозицијата.
Г. ТРПЕНОСКИ