СДСМ ВО СКОПСКИТЕ ОПШТИНИ ЗАГУБИ НАД 65 ИЛЈАДИ ГЛАСОВИ

    СДСМ ВО СКОПСКИТЕ ОПШТИНИ ЗАГУБИ НАД 65 ИЛЈАДИ ГЛАСОВИОд гласањето на вчерашните локални избори во Град Скопје. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Споредено со локалните избори во 2017 година, СДСМ има освоено 69 илјади гласови помалку во првиот круг на изборите за градоначалници, според првичните неофицијални резултати на Државната изборна комисија. Сепак, од неколку скопски општини сè уште не се преброени 100% од гласачите, па разликата се очекува да биде околу 65 илјади гласови според проекциите.

    Најмногу гласови СДСМ загуби во Аеродром, каде што Златко Марин пред четири години победи во првиот круг со 22.559 гласови, а сега Александар Филиповски има освоено 6.205 гласови по преброени 71% од гласовите.

    Во Карпош, Стефан Богоев победи во првиот круг со 21.278 гласови, а Душко Весковски собра 9.038 гласови, по преброени 94% од гласовите.

    Во Кисела Вода, Филип Темелковски на минатите избори во првиот круг освои со 17.154 гласови, додека истиот кандидат сега има 7.299 гласови по преброени 95% од гласовите.

    Во Центар, Саша Богдановиќ победи со 17.916 гласови во прв круг, а сега Горан Герасимовски има 7.837 гласови по преброени 87% од гласовите.

    Во Бутел, Велимир Смилевски во првиот круг освои 10.063 гласови, а сега истиот кандидат има 6.831 глас по преброени 100% од гласовите.

    Во Гази Баба, Борис Георгиевски во првиот круг освои 17.591 глас, а сега истиот кандидат освои 8.766 гласови по преброени 100% од гласовите.

    Во Ѓорче Петров, Александар Наумовски пред четири години победи во првиот круг со 13.155 гласови, а сега истиот кандидат собра 5.272 гласови по преброени 80% од гласовите.

    Во Шуто Оризари, Курто Дудуш во 2017 година во првиот круг освои 3.763 гласови, а сега Ферат Асан освои 3.255 гласови, по преброени 100% од гласовите.

    Во Сарај и Чаир, СДСМ немаше кандидати.

    На ниво на Град Скопје, Петре Шилегов во 2017 година победи во првиот круг со 141.164 гласови, а сега по преброени 90% од гласовите има 72.092 гласови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира