Пратеничката Ивана Туфегџиќ кажа дека СДСМ со коалицијата води мнозинството општини, а во дел од нив победува и во првиот круг.
Како што кажа Туфегџиќ на првата прес-конференција со резултати од локалните избори, СДСМ со коалицијата води во општините: Аеродром, Берово, Битола, Богданци, Босилово, Бутел, Валандово, Вевчани, Василево, Велес, Гевгелија, Градско, Дебрца, Делчево, Дојран, Ѓорче Петров, Карбинци, Кисела Вода, Карпош, Крушево, Македонска Каменица, Куманово, Кривогаштани, Кочани, Лозово, Македонски Брод, Неготино, Ново Село, Охрид, Прилеп, Радовиш, Ресен, Свети Николе, Старо Нагоричане, Струмица, Демир Хисар.