СЕ НАДЕВАМ ПОСЛЕ НОВА ГОДИНА ДА ПОЧНЕМЕ ДА ПРИМАМЕ ОНКОЛОШКИ ПАЦИЕНТИ, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ НА БОЛНИЦАТА „8 СЕПТЕМВРИ“ КОСТОВ

    СЕ НАДЕВАМ ПОСЛЕ НОВА ГОДИНА ДА ПОЧНЕМЕ ДА ПРИМАМЕ ОНКОЛОШКИ ПАЦИЕНТИ, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ НА БОЛНИЦАТА „8 СЕПТЕМВРИ“ КОСТОВДиректорот Костов, тогашниот министер Сали и премиерот Ковачевски на 8 Септември 2022 го покажаа апаратот и најавија дека ќе се користи до крајот на 2022. (Фото: Министерство за здравство)

    Акцелераторот во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ е поставен, во процедура е вработувањето на нов физичар и се надевам дека за брзо време и ќе можеме да почнеме со првите пациенти коишто ќе бидат за радиозрачење, рече денеска директорот на болницата, д-р Христијан Костов.

    „Ги имаме сите потребни додатни материјали и тоа што е потребно за да почне со работа овој акцелератор. Секако, ќе имаме помош и од некоја странска болница. Што се однесува до дневната болница за онколошките пациенти, веќе имавме две средби со менаџментот на Клиниката за онкологија и веќе утврдивме кои лекови ќе се даваат кај нас“, рече тој.

    Како што објави агенцијата МИА, дневните болници се три амбуланти што ќе работат во прва смена, а од Клиниката за онкологија ќе бидат испраќани пациенти кои ќе бидат третирани во „8 Септември“.

    „Ние овде имаме двајца доктори онколози кои ќе се грижат за тие пациенти. Се надевам дека тоа ќе биде по Нова година, за брзо време ќе почнеме“, додаде Костов.

    Акцелераторот беше промовиран уште лани на 8 септември, од премиерот Димитар Ковачевски, тогашниот министер за здравство Беким Сали и д-р Костов. Со овој апарат, како што рекоа тие тогаш, требаше да се намали притисокот врз Клиниката за онкологија, каде дневно циркулираат над 100 пациенти.

    Костов и министерот за здравство Фатмир Меџити денеска промовираа апарат – систем за навигација на Одделот за оториноларингологија и база на череп, кој е прв ваков апарат во нашата држава и пошироко во регионот.

    „Новиот апарат е како џи-пи-ес, со него можеме попрецизно да оперираме патолошки процеси и тумори на нос и синуси кои се граничат со витални структури како на пример мозок, очи, како и значајно да бидат намалени можните компликации. Со овој апарат веќе нема да има потреба пациенти да се испраќаат во странство за лекување, како што било досега во одредени случаи“, изјави д-р Ана Тримоска-Радевска.

    Апаратот чини 194.650 илјади евра (12 милиони денари).

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира