На денешниот брифинг на речиси целото Обвинителство на Македонија со сите медиуми, на новинарско прашање беше кажано дека ќе одговара и давателот на поткупот за да се чува предметот на Сашо Мијалков во фиока.
Државниот обвинител Љупчо Коцевски кажа дека по објавата на најновата црна листа на Стејт департментот, со имињата на Артан Груби и на апелациониот судија Енвер Беџети за примање поткуп за влијанија во судството, тој веднаш формирал предмет.
„Согласно моите надлежности како Јавен обвинител на Македонија, уште вчера оформив предмет за да собереме докази околу поткуп и трговија со влијанија за споменатите лица на црната листа на САД, Артан Груби и Енвер Беџети. Ќе се испитува кој е давател на поткупот, кој е примател на поткупот, дали имало тргување со влијанија”, кажа Коцевски.
Предметот е доставен до надлежното обвинителство, додаде тој.
Рече дека со американската амбасада Јавното обвинителство на Македонија има одлична соработка. А амбасадорката Анџела Агелер, пак, вчера кажа дека амбасадата има докази за Груби и за Беџети.
Енвер Беџети под притисок на јавноста беше фатен од Судскиот совет како го чува во фиока предметот за масовното незаконско прислушување каде првообвинет беше Сашо Мијалков, првостепено осуден на 12 години затвор.
Во неговите фиоки седеше 3 години и коруптивниот предмет „Транспортер”, со битолскиот ексградоначалник Владимир Талевски.
- СУДИЈАТА ЕНВЕР БЕЏЕТИ ОД ЦРНАТА ЛИСТА НА САД ГО ЗАСТАРЕ ПРЕДМЕТОТ НА МИЈАЛКОВ, ЈА РАЗРЕШИ ДАМЕВА И ПРЕДИЗВИКА НЕВИДЕН ЗАСТОЈ ВО ИЗБОРОТ НА СУДИИ ВО ВРХОВНИОТ СУД
- АКО НИЕ МОЖЕМЕ ДА СОБЕРЕМЕ ДОКАЗИ ЗА ГРУБИ И БЕЏЕТИ, МОЖАТ И МАКЕДОНСКИТЕ ВЛАСТИ, КАЖА АМБАСАДОРКАТА АГЕЛЕР
- АРТАН ГРУБИ И СУДИЈАТА ЕНВЕР БЕЏЕТИ НА ЦРНАТА ЛИСТА НА САД, ЗЕМАЛЕ МИТО ЗА СУДЕЊАТА НА МИЈАЛКОВ
Се зборуваше дека се наплаќа тарифа во евра, за чување на предмет, од ден. Како и тоа дека не ги земал парите само судијата, дека тоа било мрежа со вмешани функционери од највисоките структури на претходната власт.
С. К. ДЕЛЕВСКА