СЕ ЗАТВОРА МАКЕДОНСКИОТ СЕРВИС НА РАДИО СЛОБОДНА ЕВРОПА

    СЕ ЗАТВОРА МАКЕДОНСКИОТ СЕРВИС НА РАДИО СЛОБОДНА ЕВРОПАПретходно, беше донесена одлука за затворање и на сервисите во Бугарија, Романија.(Фото: Радио Слободна Европа)

    Од први април се затвора македонскиот сервис на радио „Слободна Европа“. Како што објавија од сервисот затворањето е поради финансиски причини.

    Претседателот и извршен директор на Радио “Слободна Европа“, Стивен Капус изјави дека затворањето на македонскиот сервис е загуба за публиката што ја опслужува.

    „Но, сегашната буџетска состојба на Радио „Слободна Европа“ нè принудува повторно да ги приоритизираме начините на кои ги распределуваме нашите ресурси. Оваа одлука е донесена со длабока благодарност за работата што ја имаат направено овие тимови и за стандардот на извонредност што го одржувале“, изјави Претседателот и извршен директор на Радио „Слободна Европа“, Стивен Капус.

    Во македонската редакција на „Слободна Европа“ без работа остануваат 16 медиумски работници.

    Претходно, беше донесена одлука за затворање и на сервисите во Бугарија, Романија. И тие прекинуваат со емитување на 31 март. Во декември минатата година беше затворен и унагрскиот сервис на Радио Слободна Европа, како и бирото во Црна Гора.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира