ДЕЛ ОД ПОЛИЦИЈАТА СОРАБОТУВА СО НАС, НО ДЕЛ ГИ ШТИТИ КАФАНЏИИТЕ, ВЕЛАТ ОД ПАЗАРНА ИНСПЕКЦИЈА

    ДЕЛ ОД ПОЛИЦИЈАТА СОРАБОТУВА СО НАС, НО ДЕЛ ГИ ШТИТИ КАФАНЏИИТЕ, ВЕЛАТ ОД ПАЗАРНА ИНСПЕКЦИЈАИнспекторите се жалат дека имаат проблеми и со асистенција од полицијата. - Улица Македонија во Скопје (Фото:Ѓ.Личовски)

    Три кафулиња и јога студио во Скопје биле синоќа затворени од Пазарната инспекција бидејќи работеле после 21 часот. Директорот на Пазарната инспекција Стојко Пауновски вели дека голем број угостителски објекти низ цела земја не ги почитуваат мерките на Владата и работат после дозволеното време. Ги заклучуваат кафулињата, гасат светло и седат во мрак, притоа служат пијалоци и храна, а во некои случаи и полицијата ги штити сопствениците на локалите, вели Пауновски.

    „Таков случај имавме синоќа со кафулето ‘Три кичен бар‘ каде гости имаше околу 22.30 часот. Кога инспекторите дојдоа пред вратата гостите избегаа во клубот ‘Станица 26‘ бидејќи има пристап одзади директно. Но, наши инспектори отидоа и од таа стана и кога влегоа внатре затекнаа 30 лица. Исто се случува и со кафулето ‘Мош‘. Синоќа имаше гости после 23 часот, а газдите се жалат дека сме биле селективни“, вели Пауновски.

    Тој вели дека проблеми имаат и со асистенција на полицијата односно некои полициски екипи одлично соработуваат со нив, но други ги штитат сопствениците на локалите. Таков бил случајот синоќа при интервенција во „Три кичен бар“.

    Од денес стапува на сила новиот пакет рестриктивни мерки кои ги усвои Владата на предлог на Комисијата за заразни болести, со кои кафулињата и рестораните ќе работат до 18 часот. Мерки ќе важат до 21 јануари, а имаат за цел да се избегне зголемување на бројот на заболени од ковид-19 во претстојниот период на празници.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира