СЕДУМ ПРАТЕНИЦИ ОД КОАЛИЦИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ БИЛЕ ДЕЛ ОД ОРГАНИЗИРАНИОТ НАПАД НА СОБРАНИЕТО НА 27 АПРИЛ

    СЕДУМ ПРАТЕНИЦИ ОД КОАЛИЦИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ БИЛЕ ДЕЛ ОД ОРГАНИЗИРАНИОТ НАПАД НА СОБРАНИЕТО НА 27 АПРИЛ

    Седум пратеници од коалицијата на ВМРО ДПМНЕ учествувале во отворањето на главната собраниска врата и ги насочувале демонстрантите на 27 април,  покажуваат снимките од собраниските камери кои вечерва ги објави телевизија Телма.

    Тоа се пратениците Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Илија Димовски, Јохан Тарчуловски и Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ и Љупчо Димовски од Социјалистичка партија на Македонија, кои се гледаат на безбедносните камери.

    Во целата акција за влез во Собранието учествувале вработени од Агенцијата за разузнавање, АРМ и УБК. На снимките се гледа како дел од пратениците ги насочуваат демонстрантите во различни насоки во Парламентот откако пратениците Василевски и Мукоски ја отвораат вратата.

    Снимките ги има и Основното јавно обвинителство под раководство на Марко Зврлевски, но до сега нема преземено ништо.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира