СЕГА Е МОМЕНТОТ ДА СЕ КАЖЕ „ДА“, ВЕЛИ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЕВРОПСКИОТ СОВЕТ МИШЕЛ ЗА ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ

    СЕГА Е МОМЕНТОТ ДА СЕ КАЖЕ „ДА“, ВЕЛИ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЕВРОПСКИОТ СОВЕТ МИШЕЛ ЗА ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГПретседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и претседателот Стево Пендаровски на 16 јуни во Скопје. (Фото: СДК.МК)

    Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел го поздрави францускиот предлог за отворање на пристапните преговори на ЕУ со Македонија и рече дека „сега е моментот да се каже да“.

    Францускиот претседател Емануел Макрон попладнево на прес-конференција на самитот на НАТО во Шпанија кажа дека мисли дека е најдено компромисно решение за почеток на преговорите, а од македонската влада соопштија дека го добиле предлогот и дека тој ќе биде ставен на јавна расправа.

    „Го поздравувам решението на Француското претседателство за договор со кој ќе се поплочи патот за отворање на пристапните преговори на ЕУ со Северна Македонија. Решението ги адресира изразените грижи. Сега сме најблиску што некогаш сме биле: сега е моментот да се каже да“, напиша Мишел на Твитер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира