СЕКОЈА ЧЕТВРТА КОНТРОЛА НА УЈП УТВРДИЛА НЕИЗДАВАЊЕ ФИСКАЛНИ СМЕТКИ, ЗАПЕЧАТЕНИ 113 ОБЈЕКТИ, ИЗРЕЧЕНИ НАД 2.500 ГЛОБИ

    СЕКОЈА ЧЕТВРТА КОНТРОЛА НА УЈП УТВРДИЛА НЕИЗДАВАЊЕ ФИСКАЛНИ СМЕТКИ, ЗАПЕЧАТЕНИ 113 ОБЈЕКТИ, ИЗРЕЧЕНИ НАД 2.500 ГЛОБИДо крајот на ноември годинава Управата спроведе околу 4.000 контроли за регистрирање на готвинскиот промет, што претставува зголемување за 2,5 пати во однос на истиот период минатата година. (Фото: К. Попов)

    Секоја четврта контрола на Управата за јавни приходи (УЈП) утврдила неиздавање фискални сметки, по што се изречени над 2.500 глоби, а 113 даночни обврзници добија забрана за вршење на дејност. Од УЈП велат дека во пресрет на новогодишните празници, ќе се спроведуваат засилени и проширени контроли на евидентирањето на готовинскиот промет. Фокусот ќе биде насочен кон сите угостителски објекти – ресторани, кафе-барови, дискотеки, сендвичари и други субјекти кои работат со готовински плаќања.

    До 20 ноември се реализирани 3.500 советодавни посети на продавници и угостителски објекти, при што даночните службеници ги информираа обврзниците за најчестите неправилности со цел навремена корекција и нивно усогласување.Во текот на посетите беа утврдени состојби како: фискални апарати кои немаат налепници од овластен сервисер, кај некои се појавуваат оштетени пломби, а кај одреден број обврзници беше детектирано дека адресата на која е регистриран фискалниот апарат не соодветствува со реалната локација на работењето.

    Било утврдено и неуплаќање на дневниот промет во банка, како и неводење книга на дневни финансиски извештаи.

    „Паралелно со советодавните посети, Управата за јавни приходи спроведе детални анализи врз основа на податоците од ГПРС системот, теренските контроли и ДДВ-пријавите. Анализите укажуваат на ризични состојби кај дел од обврзниците кои континуирано евидентираат низок или идентичен дневен промет, кај други има отстапки меѓу капацитетот на објектот и пријавениот промет, неусогласеност меѓу прометот евидентиран во фискалните каси и прометот пријавен во ДДВ пријавите и сл. Контролата не претставува само едноставно пребројување на средства во благајната и нивно вкрстување со податоците од фискалниот уред, туку инспекторите и контролорите ќе ги испитуваат сите релевантни факти за да ја утврдат реалната фактичка состојба“, велат од УЈП.

    До крајот на ноември годинава, Управата спроведе околу 4.000 контроли за регистрирање на готвинскиот промет, што претставува зголемување за 2,5 пати во однос на истиот период минатата година. Притоа изречени се над 2.500 глоби, а за 113 даночни обврзници изречени се мерки за забрана за вршење дејност, односно запечатување објект.

    „Фактот дека секоја четврта контрола завршува со утврдена неправилност во делот на неиздавање фискални сметки укажува на широка појава на неевидентирање на готовинскиот промет. Во поширок контекст, овој факт укажува и на користење на неевидентираниот промет за плаќања во готовина меѓу фирми и исплата на плати во плик, практики кои се спротивни на законот и претставуваат облици на сивата економија, создаваат нелојална конкуренција и предизвикуваат загуби за буџетот. 1/2
    УЈП-ОЈ-З.2-01/1Кон поголем број од даночните обврзници кои беа казнети за неиздавање фискални сметки и неевидентиран промет, УЈП испрати персонализирани пораки со повик обврзниците да поднесат исправки на даночните пријави, да го пријават прометот и да го платат данокот. УЈП го следи постапувањето на овие даночни обврзници и најавува дека, доколку не постапат доброволно, ќе следуваат и дополнителни контроли со примена на индиректни методи за утврдување на прикриениот промет и неплатениот данок“, вели УЈП.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира