СЕКОЈА ЗЕМЈА НА БАЛКАНОТ ИМА ТАКВИ КАРТИ, ВЕЛИ КОВАЧЕВСКИ ЗА КАРТАТА СО ГОЛЕМА АЛБАНИЈА ВО МУЗЕЈ ВО СОПОТ

    СЕКОЈА ЗЕМЈА НА БАЛКАНОТ ИМА ТАКВИ КАРТИ, ВЕЛИ КОВАЧЕВСКИ ЗА КАРТАТА СО ГОЛЕМА АЛБАНИЈА ВО МУЗЕЈ ВО СОПОТСпоменик со карта на Голема Албанија во Музејот на борците на ОВК во Сопот, Кумановско. (Фото: Фејсбук)

    Премиерот Димитар Ковачевски вели дека картата со Голема Албанија во Музејот на борците на ОВК во Сопот, на чие што отворање викендов присуствуваше врвот на ДУИ, е ставена со задоцнување од 145 години, и додава дека такви карти имаат сите земји на Балканот. Ковачевски вели дека кај нас сега релевантна е само картата со земјите членки на НАТО, а наскоро и картата со обединета Европа.

    „Такви настани секогаш со право предизвикуваат бура реакции кај граѓаните. Прво, ако добро пресметав утрово, ставање на таква карта е задоцнето најмалку 145 години, односно точно 145 години. Ако по нешто може да се отслика какви биле односите на Балканот пред 145 години, пред 200 години, тоа се таквите слични карти кои што ги има секоја држава на Балканот. Ама буквално секоја. Она што е карактеристично за овој случај е дека се работи за приватен имот. Ако се работи за општествен имот, дозвола треба да даде општината, а Општина Куманово немала информации во однос за истото. Меѓутоа, сметам дека она што го имаме денес како општество воопшто не ги прави релевантни таквите мапи. бидејќи после 2001 година и по влегувањето во НАТО, ние во нашата држава имаме други мапи кои што се релевантни. А тоа е мапата на државите земји членки на НАТО и со отпочнувањето на преговорите со ЕУ, мапата која што ние ќе ја имаме и се надевам и сите од Западен Балкан, е мапата на обединета Европа. Сето друго е со 145 години задоцнување“, рече Ковачевски.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира