СЕКРЕТАРКАТА ЗАКАРИЈАШ НЕ Е ЕКСПЕРТ ПО ЛИНГВИСТИКА, ЈА ПРАВДА ПОРТУГАЛСКИОТ МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ СИЛВА ЗА ИЗЈАВАТА ЗА „СЕВЕРНОМАКЕДОНСКИ ЈАЗИК”

    СЕКРЕТАРКАТА ЗАКАРИЈАШ НЕ Е ЕКСПЕРТ ПО ЛИНГВИСТИКА, ЈА ПРАВДА ПОРТУГАЛСКИОТ МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ СИЛВА ЗА ИЗЈАВАТА ЗА „СЕВЕРНОМАКЕДОНСКИ ЈАЗИК”Португалската државна секретарка за европски прашања Ана Паула Закаријаш. (Фото: Европска комисија)

    Португалскиот министер за надворешни работи Аугусто Сантош Силва вели дека е грешка изјавата на неговата колешка, државната секретарка за европски прашања Ана Паула Закаријаш, дека „северномакедонскиот јазик некогаш бил дел од бугарскиот јазик”, правдајќи ја дека не е експерт по лингвистика.

    „Не можете да очекувате од дипломати и политичари да бидат експерти по лингвистика, не ја поминуваме секоја секунда од секоја минута од секој час секој ден во употреба на соодветни прецизни термини од научна гледна точка, кога мојата заменичка се осврна на македонскиот јазик таа сакаше да каже македонски јазик”, рече Силва во изјавата за државната агенција МИА.

    Тој вели дека содржината на португалскиот предлог за надминување на спорот меѓу Бугарија и Македонија е прифатен од македонска страна и може да биде прифатен од бугарска страна.

    „Сметаме дека предлогот што го поднесовме и кој беше прифатен од Северна Македонија и мислам дека Бугарија може во блиска иднина да го прифати исто така, е многу јасен, зборуваме за македонски јазик и предлагаме дека со унилатерална декларација поддржана од декларација на Советот на ЕУ секоја земја ја дефинира својата позиција, македонскиот јазик е јазик дефиниран согласно Уставот на Северна Македонија и е кодифициран во 1945 година, но ако сакате да ја знаете позицијата на португалското претседателство, прочитајте го текстот”, вели Силва.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира