СЕКСУАЛЕН НАПАД НЕ МОЖЕ ДА СЕ ТРЕТИРА КАКО НЕДОЛИЧНО ОДНЕСУВАЊЕ, КАЖАА НА ПРОТЕСТОТ ПРОТИВ РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО ПРЕД МВР

    СЕКСУАЛЕН НАПАД НЕ МОЖЕ ДА СЕ ТРЕТИРА КАКО НЕДОЛИЧНО ОДНЕСУВАЊЕ, КАЖАА НА ПРОТЕСТОТ ПРОТИВ РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО ПРЕД МВРПротестот насловен „Не сме безбедни!“ го организираше феминистичката платформа „Медуза“ (Фото: Кајгана)

    Десетици активисти и граѓани попладнево се собраа пред Министерството за внатрешни работи во Скопје за да им изразат поддршка на жртвите на родово и сексуално базирано насилство и истовремено побараа од полицијата посериозно и попрофесионално да се зафати со решавањето на вакви случаи.

    Директен повод за протестот насловен „Не сме безбедни!“, организиран од феминистичката платформа „Медуза“, беше неодамнешниот инцидент во кој див таксист нападна 19-годишна студентка во раните утрински часови, за потоа да избега од државата. Тој притоа беше обвинет за недолично однесување. 

    Со овој протест сакаме да укажеме дека не сме безбедни во јавниот простор, не сме безбедни дома, на улици, во болници. Токму МВР е првата служба од која почнува долгиот и често замрсен лавиринт, низ кој поминува жртвата на родово базирано насилство која се охрабрила да го пријави насилникот. Повторно слушаме за напад во кој имаме двојна виктимизација на жртвата од страна на полициските службеници“, кажаа на протестот.

    На протестот беше потсетено дека кога девојки одат во полиција да пријават насилство, тоа најчесто се третира како недолично однесување.

    Полициските службеници се несензибилизирани и нестручни при пријави на родово базирано насилство. Тие очигледно не можат да проценат што е сексуален напад, па го нарекуваат недолично однесување. Додека полицијата прави двојна виктимизација и ја одолговлекува постапката, уште еден насилник бега од лицето на правдата“, рекоа на протестот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира