СЕРИСКИОТ УБИЕЦ НА ЖЕНИ ВО СТАРО НАГОРИЧАНЕ ЌЕ ОДГОВАРА ЗА 4 СВИРЕПИ УБИСТВА И ЗА ДВА ОБИДА, А ДВАЈЦА МРТВОПРОВЕРИТЕЛИ ДЕКА КОНСТАТИРАЛЕ ПРИРОДНА СМРТ КАЈ ЖРТВИТЕ

    СЕРИСКИОТ УБИЕЦ НА ЖЕНИ ВО СТАРО НАГОРИЧАНЕ ЌЕ ОДГОВАРА ЗА 4 СВИРЕПИ УБИСТВА И ЗА ДВА ОБИДА, А ДВАЈЦА МРТВОПРОВЕРИТЕЛИ ДЕКА КОНСТАТИРАЛЕ ПРИРОДНА СМРТ КАЈ ЖРТВИТЕКривичната пријава за двајцата лекари пристигнала вчера во Кумановското обвинителство (Фото:СДК.МК)

    Полицијата вчера поднела кривична пријава до Кумановското обвинителство против двајца лекари – мртвопроверители, кои тврделе дека жртвите на серискиот убиец, 25-годишниот овчар Т.Б. од село Малотино – Старо Нагоричане, починале од природна, а не од насилна смрт со убиство.

    Кај полицајците кои доаѓале на увид кај починатите жени не е најдена одговорност, бидејќи тие им верувале на лекарите кои тврделе оти нема сомненија за насилна смрт.

    Обвинителот Љубомир Лапе кој ја води оваа обемна истрага за серијски убиец исклучиво на жени, на денешниот брифинг кажа дека истрагата од две, е проширена уште на 4 жртви.

    Направени се вкупно три ексхумации досега.

    Вкупно се 6 жртви, 4 се убиени, две преживеале, се спасиле некако од убиецот.

    На прашање, Лапе одговори дека психијатриското вештачење од 3 вешти лица, покажало дека сторителот е кривично правно одговорен, свесен за постапките и не е болен во смисла да не може да го следи судењето.

    Осомничениот убиец си има регуларен адвокат, а не по службена должност, и тој е ангажиран од семејството, кое и јавно кажа дека нивниот син е невин.

    Серискиот убиец жртвите ги бирал по род, да бидат жени. Ги убивал на свиреп начин. Ова е всушност фемицид, кој од неодамна е додаден во Кривичниот законик.

    Сите жртви се од општина Старо Нагоричане. Петте повозрасни, само една е 35 години и таа е преживеана.

    Начинот на којшто делувал, демнел, влегувал во куќите и убивал, е ист. Го знае реонот, претпоставка на обвинителството е дека и лично ги познава избраните жени.

    Обвинителот ќе поднесе обвинение за овие 6 жртви, за убиства на свиреп начин и за обид за убиства, но вели дека се уште важи наредбата што ја дал до полицијата, да истражува да не има уште убиени од осомничениот.

    Првото убиство се случило од 27.01.2026 до 12.02.2026 година, а второто од 17.01 до 18.01.2026 година. Потоа, убил меѓу 05.01 и 06.01.2025 на Коледе и Бадник, па следен пат меѓу 05.06 и 07.06.2025 година.

    Обидите за убиство се на 22 јули 2025 година и на 9 февруари 2026 година.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира