СЕСТРАТА НА ЈАНЕВА Е ПОСЕБНО СЕМЕЈСТВО, ЗОШТО ДА НЕ СМЕЕ ДА КОНКУРИРА, КАЖА ЗАЕВ ЗА ПРЕДЛОГОТ ЗА КОМИСИЈАТА ЗА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ

    СЕСТРАТА НА ЈАНЕВА Е ПОСЕБНО СЕМЕЈСТВО, ЗОШТО ДА НЕ СМЕЕ ДА КОНКУРИРА, КАЖА ЗАЕВ ЗА ПРЕДЛОГОТ ЗА КОМИСИЈАТА ЗА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТПремиерот Зоран Заев денеска беше на рочиште за предметот „Поткуп“ во Основниот суд Скопје 1 (Фото: М. Златевска)

    Премиерот Зоран Заев не гледа ништо спорно во владиниот предлог Лиле Делиџакова, сестра на специјалната обвинителка Катица Јанева, да биде назначена за член на Комисијата за хартии од вредност.

    Заев, одговарајќи на новинарско прашање по денешното рочиште за „Поткуп“, кажа дека сестрата на Јанева е посебно семејство и не смее да му се забрани на ниту еден граѓанин да биде избран на некоја позиција, само затоа што е член на семејство на истакната личност.

    „Сестра на специјалниот обвинител конкурирала, поднела документи. Како на тој граѓанин да му кажеме: ’Извинете, немате право да бидете на некое место, позиција, а ги исполнувате условите‘. Тоа е посебно семејство. Зарем не смеат семејствата на некои истакнати личности да конкурираат или да бидат кандидати за нешто. Ги бираме кандидатите согласно условите што ги исполнуваат. Ние сме само предлагач, конечната одлука ја носи парламентот“, изјави Заев, кој кажа дека отпосле дознал дека предложената кандидатка е сестра на обвинителката.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира