Шарената револуција денешниот протест ќе го посвети на стрип-јунакот Пецко. Шарените на овој начин ќе му оддадат почит на Дарко Марковиќ, Дар-Мар, легендарен карикатурист, сатиричар, филмски режисер, сценарист и сценограф, аниматор, стрип цртач, илустратор и дизајнер кој почина синоќа по тешко и долго боледување.
Автор е на стрипот со популарниот јунак Пецко што излегува повеќе од 30 години.
Протестот, традиционално, ќе почне во 18 часот пред Специјлното јавно обвинителство.