ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА ВО ПОХОД КОН СОБРАНИЕ ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ ВО РЕШАВАЊЕТО НА КРИЗАТА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА ВО ПОХОД КОН СОБРАНИЕ ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ ВО РЕШАВАЊЕТО НА КРИЗАТА

    Шарената револуција тргна кон Собранието. Граѓаните досега се собираа пред Специјално јавно обвинителство (СЈО). Ги има во помал број во споредба со последниот протест. На централниот транспарент е испишана порката „Вистински државници не се закануваат на граѓаните“.

    „Заедно спречивме помилување криминалци, заедно спречивме уште едни фалсификат избори! Нашите другари се на слобода! Продолжуваме, се вклучуваме во решавањето на кризата!“, напиша на Фејсбук Шарената револуција.

    Ова е втор протест на Шарената револуција денес. Активисти на Шарената револуција утрово ги поддржаа студентите и дојдоа пред Ректоратот на УКИМ на протест за спречување на нелегитимен избор на нов Ректор. Блокадата заврши откако студентите издејствуваа четворица пленумци и медиумите да ја следат седницата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира