ШАРЕНИТЕ РЕВОЛУЦИОНЕРИ СЕ ОБИДУВААТ ДА ЈА ПРОБИЈАТ ПОЛИЦИСКАТА БЛОКАДА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК0

    ШАРЕНИТЕ РЕВОЛУЦИОНЕРИ СЕ ОБИДУВААТ ДА ЈА ПРОБИЈАТ ПОЛИЦИСКАТА БЛОКАДА

    Полициски барикади и водени топови ги сопреа антивладните демонстранти на мостот Гоце Делчев во Скопје на протестот на Шарената револуција кој трае и покрај силниот дожд и грмотевиците. Демонстрантите се обидуваат да го пробијат полицискиот кордон со дигнати раце и чадори извикувајќи кон полицијата „Убијци, убијци!“ и „Слобода, слобода“.

    Имаше и едноминутно молчење за четиригодишниот Алмир од Куманово кој пред неколку дена почина како последица на намерно прегазување во препирка помеѓу две семејства пред здравствениот дом во Куманово.

    Пред тоа демонстрантите беа сопрени и на раскрсницата кај Палома Бјанка, па не можеа да се движат кон Собранието и кон ГТЦ. И граѓанското движење „Го сакам ГТЦ“ најави дека вечерва ќе се придружи на шарените револуционери во обид да ја спречи барокизацијата на трговскиот центар.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари