ШЕФОТ НА ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ ДОЈДЕ ДА ПОМОГНЕ ПРОТИВ ЗАЕВ ВО „ПОТКУП“

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ШЕФОТ НА ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ ДОЈДЕ ДА ПОМОГНЕ ПРОТИВ ЗАЕВ ВО „ПОТКУП“

    Обвинителот Владимир Милошевски е со истечен мандат во Обвинителството за организиран криминал и корупција и тој нема легитимитет да го застапува обвинението за поткуп против лидерот на опозицијата Зоран Заев, тврди адвокатскиот тим на Заев.

    Од информацијата затечен беше и оспорениот обвинител, кој во своја одбрана рече дека распоредот на обвинителите е интерна работа на Обвинителството. На помош на Милошевски дојде и неговиот шеф Златко Биковски, кој е вршител на должноста по заминувањето на Јово Илиевски во Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

    На денешното продолжение на овој судски процес, одбраната достави примерок од Службен весник на РМ, во кој е објавено дека Милошевски бил времено упатен во ОЈО за организиран криминал до 30.11.2016 година. Нова одлука за продолжување на мандатот нема во Службен весник.

    „Овој обвинител во моментов не работи, не припаѓа во ОЈО за организоран криминал и нема овластувања да настапува во име на тоа обвинителство. Бараме Судот да се изјасни за ова, за да не дојдеме во ситуација во иднина да бидат оспорувани и укинати сите дејства од оваа постапка поради нелегитимноста на постапката“, рекоа од одбраната.

    Судијката Дијана Груевска – Илиевска и советот се повлекоа да донесат одлука што ќе прават со обвинителот Милошевски.

    С.К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира