ШЕКЕРИНСКА, ПЕНДАРОВСКИ И ШИЛЕГОВ СО СЕЛФИ ЗА НАТО

    ШЕКЕРИНСКА, ПЕНДАРОВСКИ И ШИЛЕГОВ СО СЕЛФИ ЗА НАТОНа промоцијата на вештините на АРМ, присуствуваше министерката за одбрана Радмила Шекеринска, началникот на ГШ на АРМ Методија Величковски, специјалниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски, припадници на Армијата како и градоначалникот на Скопје Петре Шилегов (Фото:Ѓ. Личовски)

    Армијата на Република Македонија по повод Денот на НАТО – 4 Април одржа показни вежби со кои ги покажаа вештините на специјалните единици на плоштадот Македонија во Скопје.

    Хеликоптер на АРМ го надлетува споменикот Воин на коњ на скопскиот плоштад. (Фото: Ѓ. Личовски)

    „Организиравме отворен ден на АРМ, за да можат граѓаните да се запознаат со дел од нашите борбени возила како и со вештините што ги имаат припадниците на полкот за специјални намени, а баталјонот за почести, ја изведе познатата точка Егзицир (вештина во ракување со оружје). Ни се приклучија и припадниците на КФОР од Косово кои ја дадоа поддршката на АРМ. На овој начин сакаме да ги поканиме и младите да ни се приклучат во нашите редови и заедно да останеме во служба на татковината“, изјави Тони Јаневски, портпарол на Генералштабот на АРМ.

    Припадниците на полкот за специјални намени на АРМ ги покажаа дел од вештините од својата обука (Фото: Ѓ. Личовски)

    Оваа година министерството за одбрана распиша конкурс за прием на 125 професионални војници.
    На промоцијата присуствуваше министерката за одбрана Радмила Шекеринска, началникот на ГШ на АРМ Методија Величковски, специјалниот координатот за НАТО, Стево Пендаровски, припадници на Армијата како и градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.

    За време на армиската промоција, Шекеринска, Пендаровски и Шилегов правија самослик во чест на Денот на НАТО.

    Баталјонот за почести ја изведе познатата точка Егзицир (Фото: Ѓ. Личовски)

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира