И ШЕЌЕРИНСКА СО СКРШЕНА ГЛАВА ВО НАПАДОТ НА СОБРАНИЕТО

И ШЕЌЕРИНСКА СО СКРШЕНА ГЛАВА ВО НАПАДОТ НА СОБРАНИЕТОШеќеринска не успеа да им избега на насилниците во прес-центарот, а на видео снимките се гледа и напаѓачот. (Фото: Радио Слободна Европа/принтскрин)

Пратеничката и заменик претседателка на СДСМ Радмила Шеќеринска вечерва имала хируршка интервенција на главата поради повредите што ги доби кога беше нападната во Собранието при упадот на толпата. Како што дознаваме од болнички извори, Шеќеринска вечерва е однесена во Ургентниот центар на скопските клиники, а раните на главата морале да бидат шиени.

Како што се гледа на снимките од нападот, Шеќеринска во Собранието прво беше удрена со ногарка од статив за камера, па беше нападната од постар човек, кој брутално ја влечеше за косата. На снимките се гледа и напаѓачот.

И Шеќеринска, како и останатите пратеници меѓу кои и лидерот на СДСМ Зоран Заев и лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села кои се потешко повредени, е вон животна опасност.

Симнете ја мобилната апликација

©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира