Основниот суд Скопје 1 Скопје го осуди Матија Каников на затворска казна од шест месеци за нападот на новинарската екипа на порталот „А1он“ на протестот на „За заедничка Македонија“ на 28 февруари минатата година, објави „А1он“.
Новинарот Александар Тодески и камерманот Владимир Желчески од „А1он“ претрпеа потрес на мозок и други повреди при нападот во близина на Собранието и беа со возило на Итна помош пренесени во болница, по што беа пуштени на домашно лекување.