ШЕСТМИНА УАПСЕНИ ВО ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО ГРЧЕЦ ЗА РАЗБИВАЊЕ НА ГРУПАТА НА Ш. М. КОЈА ШВЕРЦУВАЛА КОКАИН ОД ЈУЖНА АМЕРИКА И УБИВАЛА, А ИМАЛА ДОУШНИЦИ ВО МВР, СУДОВИ И ОБВИНИТЕЛСТВА

    ШЕСТМИНА УАПСЕНИ ВО ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО ГРЧЕЦ ЗА РАЗБИВАЊЕ НА ГРУПАТА НА Ш. М. КОЈА ШВЕРЦУВАЛА КОКАИН ОД ЈУЖНА АМЕРИКА И УБИВАЛА, А ИМАЛА ДОУШНИЦИ ВО МВР, СУДОВИ И ОБВИНИТЕЛСТВАСпасовски кажа дека групата се стекнала со значителни финансиски средства кои што потоа ги инвестирале во изградба на луксузни куќи и угостителски објекти и купување недвижности. (Фото: МВР)

    Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на вонредна прес-конференција кажа дека се уапсени шестмина од криминалната група основана од Ш. М. (46) од скопското село Грчец, во акција на полицијата и Обвинителството за организиран криминал и корупција, во соработка со Франција, Белгија и Холандија.

    Вкупно во криминалната група, како што кажа Спасовски, биле 16 лица. Едно лице е уапсенo во Шпанија, а останатите подолг период се надвор од Македонија, но Спасовски рече дека знаат каде се.

    Групата се занимавала со шверц на дрога и извршувала убиства. Спасовки рече дека групата транспортирала 435 килограми кокаин од Бразил до белгиското пристаниште Антверпен, како и 106 килограми кокаин од Перу до холандското пристаниште Ротердам. Групата шверцувала дрога од Белгија во Македонија и од Албанија во Македонија.

    Спасовски спомена обид за убиство на лице од Бардовци, убиство на албански државјанин најден во Горна Матка 15 мај 2020 и двојно убиство на 5 март 2021 март, кога во Скопје беа убиени А.Б. И Б.В.

    Осомничените од криминалната група ја користеле апликацијата за енкриптирана комуникација „Скај“, која што беше исклучена во 2021 година на барање на американските власти, а веб сајтот беше запленет од ФБИ.

    Спасовски кажа дека групата се стекнала со значителни финансиски средства кои што потоа ги инвестирале во изградба на луксузни куќи и угостителски објекти и купување недвижности, кои што се веќе предмет на финансиски истраги со цел нивна конфискација

    Министерот за внатрешни работи кажа дека утврдиле лица од институции на државата кои пренесувале податоците, односно биле соработници во криминалните активности и додаде дека „ова е почеток на чистење на тие криминални структури во институциите на системот. Ќе бидете сведоци во наредниот период на некои активности, некогаш ќе бидете и зачудени од имињата“

    Тој рече дека има инволвирани во многу институции, и во МВР и во други агенции и во министерства и во судови и во обвинителство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира