ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА И ОХРИДСКА БАНКА СЕ СПОИЈА ВО ЕДНА БАНКА

    ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА И ОХРИДСКА БАНКА СЕ СПОИЈА ВО ЕДНА БАНКАШпаркасе Банка Македонија се позиционираше во рангот на големите банки на пазарот како број еден во сегментот депозитарна банка со вкупна актива од 1,15 милијарди евра, број два во корпоративниот сегмент и број три во сегментот население. - Управниот одбор на банката (Фото: Шпараксе Банка Македонија)

    И официјално заврши процесот на присоединување на Охридска банка АД Скопје кон Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, со упис на статусната промена – присоединување и со тоа, интегрираната Шпаркасе Банка Македонија АД – Скопје, стана дел од групата големи банки, заземајќи ја 4. позиција на банкарскиот пазар, соопштија од банката.

    Со присоединувањето, Шпаркасе Банка Македонија ја прошири својата клиентска база и го зголеми пазарниот удел на 13,4% во сегментот население и 15,1% во сегментот корпоративни клиенти, а уделот на банката на девизниот пазар ќе изнесува 25%. Шпаркасе е депозитарна банка на околу 50% од вкупните средства и извршува 40% од тргувањето со хартии од вредност на меѓународни пазари. Интегрираната Шпаркасе Банка Македонија сега веќе опслужува повеќе од 140.000 клиенти во земјата, преку 35 експозитури и широка мрежа на банкомати на приближно 100 локации ширум државата.

    Шпаркасе Банка Македонија се позиционираше во рангот на големите банки на пазарот како број еден во сегментот депозитарна банка со вкупна актива од 1,15 милијарди евра, број два во корпоративниот сегмент и број три во сегментот население.

    „Ние го гледаме Западниот Балкан и Северна Македонија како регион со многу висок потенцијал за раст и презедовме уште еден чекор во вистинската насока што се покажа со позитивниот исход на проектот на интеграција“, изјави Георг Бухер, член на Управниот одбор на Штаермеркише Шпаркасе и претседател на Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија.

    Глигор Бишев, главен извршен директор и претседател на УО на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, кажа дека Шпаркасе Банка Македонија ќе делува како финансиски супермаркет, каде што секој ќе може да ги задоволи своите потреби и да го избере она што му е најпотребно и му носи додадена вредност.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира