ШТО ПОШИРОКА ПОДДРШКА ЗА НОВАТА ВЛАДА, ТОЛКУ ПОДОБРО, ПОРАЧА ХАН

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ШТО ПОШИРОКА ПОДДРШКА ЗА НОВАТА ВЛАДА, ТОЛКУ ПОДОБРО, ПОРАЧА ХАН

    Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан вели дека во Македонија треба да се формира влада со широка поддршка, но дека не е дојден во Скопје да им дава совети на лидерите на политичките партии.

    „Не сум дојден да им давам совети на лидерите на политичките партии, туку да ги сослушам. Цел е формирање на влада со солидна, широка поддршка, која ќе работи засилено на интеграциите кон ЕУ“ рече Хан на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи Никола Попоски и вицепремиерот Владимир Пешевски.

    Еврокомесарот додаде дека сега најбитно е да се формира влада колку побрзо, толку подобро. На новинарско прашање да прецизира што мисли со поширока поддршка и дали тоа значи широка коалиција, Хан одговори дека колку ќе биде постабилно мнозинството,  толку ќе биде подобро, но таа одлука треба да ја донесат сами политичарите во Македонија.

    „Задача на лидерите да формираат влада која ќе ја води земјата во наредните четири години“, порача Хан.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира