ШВАЈЦАРИЈА ЌЕ ДОНИРА 69 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА МАКЕДОНИЈА ЗА СЛЕДНИТЕ 4 ГОДИНИ

    ШВАЈЦАРИЈА ЌЕ ДОНИРА 69 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА МАКЕДОНИЈА ЗА СЛЕДНИТЕ 4 ГОДИНИАмбасадорката на Швајцарија во Македонија Сибил Зутер Техада на презентацијата на резултатите од десетгодишниот проект „Форуми во заедницата“, кој го финансираше швајцарската влада (архивска фотографија од 10 март 2017 Фото: СДК.МК)

    Македонија ќе добие 69 милиони евра помош од Швајцарија во периодот од 2017 до 2020 година како дел од новата швајцарска стратегија за соработка која беше промовирана денеска во Скопје.

    Главната цел е да се поддржи Македонија во процесот на реформите и во исполнувањето на европските стандарди, како и да се изгради социјално инклузивна демократија и пазарна економија, истовремено обезбедувајќи ефикасно управување со природните ресурси.

    „Драго ми е што Швајцарија ја поддржува Македонија во последните 25 години. Постигнавме многу и подготвени сме да ја продолжиме поддршката кон Македонија, овозможувајќи развој на одговорни институции, создавање инклузивни работни места, подобрување на квалитетот на јавната инфраструктура и заштита на животната средина“, изјави амбасадорката на Швајцарската конфедерација во Македонија, Сибил Сутер Тејада.

    Дел од очекуваните резултати од новата стратегија се поголема транспарентност и отчетност на локалната власт, креирање на 4.400 нови работни места, како и пристап до менаџирањето на водните ресурси за дополнителни 115.000 жители.

    „Особено внимание ќе им посветиме на потребите на најранливите групи на граѓани во Македонија, затоа што нема вистински просперитетно општество коешто не е инклузивно“, рече амбасадорката Сутер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира