СИНДИКАТИТЕ ЈА БЛОКИРАА ВЛАДАТА, БАРААТ МИНИМАЛЕЦ ОД 600 ЕВРА ДО КРАЈОТ НА ФЕВРУАРИ ИЛИ ЌЕ ИМА ГЕНЕРАЛЕН ШТРАЈК ВО МАРТ

    СИНДИКАТИТЕ ЈА БЛОКИРАА ВЛАДАТА, БАРААТ МИНИМАЛЕЦ ОД 600 ЕВРА ДО КРАЈОТ НА ФЕВРУАРИ ИЛИ ЌЕ ИМА ГЕНЕРАЛЕН ШТРАЈК ВО МАРТ„Донесете ја одлуката денеска и нема повеќе блокади и протести, и нема веќе да ме видите никаде“, кажа претседателот на ССМ Трендафилов. (Фото: СДК.МК)

    Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска на блокада пред Владата, за да не можат со коли да дојдат премиерот и министрите, постави услов до крајот на месецов февруари да се изгласа 600 евра минимална плата и зголемување за 100 евра на сите останати плати во администрацијата, за да нема генерален штрајк на работниците во март.

    „Донесете ја одлуката денеска и нема повеќе блокади и протести, нема да ме видите никаде, ни на протест, ни на медиуми, но на социјални мрежи или каде било во јавен настап”, вети претседателот на ССМ Слободан Трендафилов.

    Тој додаде дека малата излезеност на денешната блокада, се должи на тоа што работниците се на своите работни места.

    „Затоа наредниот протест ќе се одржи во неработен ден, како би се овозможило на работниците да го покажат своето незадоволство. Поканети се сите кои сметаат дека платите им се мали”, кажа Трендафилов.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира