СИТЕ 18 ЛИЦА КОИ НЕМАА ДОГОВОР ОД ДЕНЕСКА НЕ ДОАЃААТ НА РАБОТА НА КЛИНИКАТА ЗА ТОКСИКОЛОГИЈА, РЕЧЕ НОВИОТ ДИРЕКТОР ЧИБИШЕВ

    СИТЕ 18 ЛИЦА КОИ НЕМАА ДОГОВОР ОД ДЕНЕСКА НЕ ДОАЃААТ НА РАБОТА НА КЛИНИКАТА ЗА ТОКСИКОЛОГИЈА, РЕЧЕ НОВИОТ ДИРЕКТОР ЧИБИШЕВНовиот директор д-р Чибишев кажа дека 650 илјади денари била штетата од тоа што 18-мината работеле без согласност за вработување и противзаконски. (Фото: Принтскрин од видео на МИА)

    Осумнаесетте лица кои од крајот на 2023 немаа договор, од денеска не работат на Клиниката за токсикологија, соопшти директорот Андон Чибишев. Тој на денешната прес-конференција кажа дека 650 илјади денари била штетата од тоа што тие работеле без согласност и противзаконски, а им била исплатена и по една и пол плата.

    За нив нема согласност од Министерството за финансии туку само документ во кој Министерството се прогласува за ненадлежно, а од Државната комисија за спречување на корупција и ДСЗИ било оспорено вработувањето поради избори и непотпишување од страна на двајцата директори“, рече Чибишев.

    Чибишев кажа дека најголем проблем на оваа Клиника е недостигот на кадар. Најавува интензивни напори да се надмине проблемот. Вели дека веднаш се потребни околу 15-тина лица, пред сѐ млади кадри, бидејќи просечната старост на вработените на Клиниката е над 50 години.

    Се договара агендата како да се надмине проблемот прво за летото, а потоа и за подолгорочно, побрзо да добиеме согласности“, рече Чибишев на денешната прва средба со новинарите по неговото назначување, нагласувајќи дека ќе нема повеќе, како што рече, каубојски вработувања.

    Тој потенцираше дека ќе направат сѐ во иднина да имаат 24-часовна покриеност на токсиколошката лабораторија.

    Бидејќи сега немаме персонал, биолог ќе работи само прва смена, меѓутоа во втора смена, до 22 часот, ќе биде на повик и ако има потреба за итна токсиколошка проценка или проверка на некој материјал, ќе го повикуваме од дома. Така што, работата нема да трпи“ рече Чибишев.

    Директорот на Клиниката за токсикологија рече дека во минатото, исто така, биле запоставени протоколите за зависници од опојни дроги и алкохол и најави нови протоколи и методи за детоксикација, надградба и развој на токсиколошки информативен центар.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира