СЈО ОТКРИЛО УШТЕ 66.909 ИЗБРИШАНИ ПРИСЛУШУВАНИ РАЗГОВОРИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СЈО ОТКРИЛО УШТЕ 66.909 ИЗБРИШАНИ ПРИСЛУШУВАНИ РАЗГОВОРИ

    Специјалното јавно обвинителство во моментов работи 68 предмети во предистражна постапка врз основа на неовластени преслушувани разговори во вкупно траење од 13.200 часа, стои во најновиот шестмесечен извештај на СЈО.

    СЈО објави дека открило уште 66.909 избришани аудио фајлови, со тоа што вкупната бројка на аудио фајлови се искачи на 606.555. Анализирана е содржината на 272.950 аудио фајлови односно во обработка се 45% од вкупниот број на аудио фајлови, од кои за 90.618 аудио фајлови со времетраење од 2.030 часа се утврди дека станува збор за приватни разговори.

    Предистражните постапки се однесуваат на незаконското следење на комуникациите, како и незаконитости во врска со финансирањето на медиумите, злоупотреба на средствата за финансирање на изборна кампања, разни злоупотреби на постапки за јавни набавки, даночно затајување, перење пари, разни коруптивни дејствија и разни злоупотреби на службена положба и овластувања, финансиски истраги, како и незаконитости во постапките кои се однесуваат на градежни работи, стои во извештајот на СЈО.

    „Во тек е одвојување на приватните разговори од разговорите кои се во обработка. Од вкупниот број на анализирани разговори 272.950 издвоени се 90.618 аудио фајлови со времетраење од 2.030 часа за кои се утврди дека станува збор за приватни разговори“, се вели во соопштението.

    Вкупната бројка на лица против кои се водат истражни постапки од формирањето на СЈО до денеска е 112 лица.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира