Специјалното јавно обвинителство најави нова истрага за, како што беше речено „најскапиот превоз на ученици во светот во градот на конзулите.“
Се сомничи градоначалникот на Битола дека го оштетил буџетот за околу 360.000 евра за две учебни години. Тој тоа го правел со манипулации со директорите на основните и средните училишта.
Градоначалникот на Битола Владимир Талески е еден од помилуваните од списокот на претседателот Ѓорге Иванов.
За него поради амнестијата од Иванов не се бара никаква мерка, а за 11 други соучесници се бара мерка притвор. Од Талевски ќе се бара да ја надокнади штетата оти за тоа не е помилуван, вклучително и конфискација на имот.
Обвинителката Фатиме Фетаи рече дека за Талевски се водат и други предистражни постапки за кривични дела кои Иванов не го помилувал.
Во прислушуваниот разговор помеѓу тогашната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и актуелниот министер за финансии Зоран Ставрески од каде што тргнала истрагата на СЈО, се слуша како Ставрески на нејзината колешка за градоначалникот на Битола вели дека е „корумпиран до даска“.
Прес конференцијата е во тек. На неа присуствуваат и амбасадорите на Германија, на Велика Британија, на Италија и на Австрија.