Специјалното јавно обвинителество (СЈО) денеска поднесе барање за притвор за Сеад Кочан, сопственик на фирмата „Трансмет“ и за Василије Авировиќ, поранешен управител на фирмата „Силекс нематели СТ“, првоосомничениот и второосомничениот во новиот случај „Труст“. Одлуката за притворот треба да ја ја донесе судија на претходна постапка. Се очекува судијата во претходна постапка најбрзо да одговори на предлогот за определување притвор, бидејќи постои опасност осомничените да ги уништат доказите или да креираат фалсификати во тендерската документација, која СЈО ја посочи како доказ.
Од утре стапува на сила новиот распоред на судии што го направи в.д. претседателката Татјана Михајлова, и според кој судиите на претходна постапка кои претходно уважиле барање на СЈО се трганти од тој оддел.
СЈО отвори истрага против правните лица „Трансмет“, „Силекс неметали СТ“ и „ВАТО“ од Студеничани за фалсификувани документи за учество на тендер на Електрани на Македонија (ЕЛЕМ). Специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи денес на прес конференција изјави дека ЕЛЕМ им овозможил на конзорциумот од овие три фирми да остварат противправна имотна корист во износ од една милијарда денари или околу 17 милиони евра. Станува збор за јавна набавка за ископ на јаловина во рудникот Суводол во ноември 2011.