СЈО СЕ ОТКАЖА ОД ОБВИНЕНИЕТО ЗА СЛУЧАЈОТ „СОПОТ“ ОТИ ЕДИНСТВЕНИОТ ДОКАЗ БИЛ ИЗНУДЕН СО ТОРТУРА

    СЈО СЕ ОТКАЖА ОД ОБВИНЕНИЕТО ЗА СЛУЧАЈОТ „СОПОТ“ ОТИ ЕДИНСТВЕНИОТ ДОКАЗ БИЛ ИЗНУДЕН СО ТОРТУРАСЈО го презеде случајот „Сопот“ од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција лани во јули. - Катица Јанева дава изјава пред Основниот суд Скопје 1 (Фото: Ѓ. Личовски)

    Специјалното јавно обвинителство се откажа од обвинителниот акт за случајот „Сопот“, објави државната агенција МИА.

    Од СЈО велат дека според деталните анализи што ги направило не постојат докази дека обвинетите го сториле делото за кое се товарат.

    Специјалната обвинителка Катица Јанева вели дека нема докази со кои може да се утврди обвинението за обвинетите, а судот одлучи да ги ослободи и да го одбие обвинението и обвинетите ги упати да бараат отштета.

    На денешното рочиште, обвинителот од СЈО Бурим Рустеми рече дека единствениот доказ на кој им се заснова пресудата е исказот на сведокот Рамадан Бајрами, кој го дал под изнуда. СЈО утврдило дека лицата кои го испитувале Бајрами направиле тортура, но оти против нив не можело да се постапува бидејќи делото застарело во 2013 година.

    Случајот „Сопот“ е од 2003 година, кога двајца полски војници и еден македонски државјанин загинаа, откако теренско возило на НАТО нагази на мина на локалниот пат Сушево-Сопот. Во овој случај десет лица беа осудени за тероризам. Тие се товарат дека подметнале експлозивна направа на локалниот пат Сушево-Сопот.

    Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, лани во јули го предаде предметот на СЈО, откако во јавноста беа објавени разговори на владини функционери поврзани со случајот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира