СЈО СЕ СОМНЕВА ДЕКА ПАНЧЕВСКИ МЕСТЕЛ СУДСКИ ПРЕДМЕТИ И ОДДАВАЛ СЛУЖБЕНИ ТАЈНИ

    СЈО СЕ СОМНЕВА ДЕКА ПАНЧЕВСКИ МЕСТЕЛ СУДСКИ ПРЕДМЕТИ И ОДДАВАЛ СЛУЖБЕНИ ТАЈНИПретресот на СЈО во Основниот суд Скопје 1 почна околу пладне и траеше пет часа. - Владимир Панчевски; Катица Јанева

    Специјалната обвинителка Катица Јанева заедно со обвинителката од нејзиното обвинителство Ленче Ристоска и истражители денеска изврши претрес во Основниот суд Скопје 1 во канцеларијата на судијата Владимир Панчевски, против кого СЈО води предистражна постапка поради сомнеж дека местел судски предмети и дека оддавал службени тајни. СЈО извршило претрес и во домот на експретседателот на Кривичниот суд, како и во домовите на двајца информатичари вработени во Судот.

    По излегување од судот, на новинарско прашање дали се сомнева дека се местеле предмети преку АКМИС системот, Јанева одговори: „Апсолутно, да“.
    „Денеска по судска наредба, СЈО изврши личен претрес кај лицето Владимир Панчевски и со друга наредба од судот ги одзема сите податоци од компјутерскиот систем за распоредување на предмети во Основниот суд Скопје 1“, изјави Јанева, додавајќи дека се надева во најскоро време СЈО да излезе со истрага.

    Во врска со кривичното дело Оддавање службена тајна, за кое што се сомничи Панчевски, таа рече: „Се издавале службени податоци за други лица во јавноста поврзани со наши истраги“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира