СЈО СЕ ВРАТИ ВО КРИВИЧНИОТ СУД ПО ДОКАЗИ ПРОТИВ ПАНЧЕВСКИ

    СЈО СЕ ВРАТИ ВО КРИВИЧНИОТ СУД ПО ДОКАЗИ ПРОТИВ ПАНЧЕВСКИЕкспретседателот на Кривичниот суд Владимир Панчевски е осомничен од СЈО за злоупотреби на АКМИС системот. - Владимир Панчевски; Катица Јанева

    Информатичарите од Специјалното јавно обвинителство, како дел од тимот истражители во предистражната постапка за злоупотреби со АКМИС системот во Основниот суд Скопје 1, за кои што е осомничен експретседателот Владимир Панчевски, денеска пак се вратиле кај в.д. претседатаелот Стојанче Рибарев, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК.

    Рибарев, дознаваме од извори од судот, им овозможил на ИТ инженерите дополнително да вадат докази од главниот компјутер.

    Од СЈО, во врска со оваа предистражна постапка, деновиве рекоа дека податоците од одземените компјутери на Панчевски и на Рибарев, кој всушност е т.н. претседателски компјутер и ги содржи сите движења и распоредувања на стотици илјади предмети во овој суд, уште од поставувењето на АКМИС-от во 2010 година, сѐ уште се анализираат во МВР. Се анализирале уште и податоците од личниот компјутер на осомничениот Панчевски.

    Освен за злоупотреба на системот, со рачно местење на предмети кај судии, тој е осомничен и за оддавање службена тајна, т.е. за изнесување судски предмети и доказен материјал надвор од судот.
    Од друга страна, пак, според официјална потврда од кабинетот на министерот за правда Билен Саљији, готов е записникот од контролата во АКМИС системот во Основниот суд Скопје 1 од работната група на Министерството, но следува контрола и на АКМИС – системите на Апелациониот суд Скопје и на Врховниот суд, за каде исто така има сомневања дека се правеле злоупотреби и се распоредувале предмети на рака. Дури тогаш ќе биде објавен целосен извештај од работната група и предаден во Обвинителството, ни рекоа од Министерството за правда.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира