СЈО СО СУДСКА НАРЕДБА ЌЕ ГИ БАРА ПОДАТОЦИТЕ ОД ЕДЕН ОПЕРАТОР

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СЈО СО СУДСКА НАРЕДБА ЌЕ ГИ БАРА ПОДАТОЦИТЕ ОД ЕДЕН ОПЕРАТОР

    Специјалното јавно обвинителство се уште ги нема добиено бараните податоци од еден телефонски оператор во врска со истрагата под кодно име „Таргет“, соопшти обвинителката Ленче Ристовска на денешната прес-конференција. Образложението на операторот било дека немаат такви податоци.

    Ристовска рече дека СЈО побарало судска наредба за да бидат обезбедени бараните податоци од операторот. Како што кажа обвинителката, во интерес на истрагата, СЈО нема да го открие името на операторот.

    СЈО денеска отвори истражна постапка со кодно име „Таргет“ против десет лица од Управата за безбедност и контраразузнавање кои се сомничат дека ги злоупотребиле службената должност и овластувања за незаконски да прислушуваат 5.827 телефонски броеви.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира