Истражители на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) вчера влегле во битолската Клиничка болница и барале да им се достават на увид документи поврзани со тендери за набавки во болницата распишувани преку Министерството за здравство, потврди за САКАМ ДА КАЖАМ.МК директорот на болницата Василе Најдовски.
„Од СЈО дојдоа во нашата болница и бараа документи за тендери што беа распишани преку Министерството за здравство. Тие не беа само кај нас, туку и низ неколку други во земјава барајќи документација поврзана со тендери за болниците кои одеа преку Министерството за здравство“, рече Најдовски.
Директорот не прецизираше за кои набавки се поврзани тендерите кои СЈО ги истражува. Рече дека тој дека воопшто не бил повикан на распит во СЈО во Скопје, туку дека денес приуствувал на потпишувањето на договорот за изградба на нов клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
Специјалното јавно обвинителство не е достапно за коментар за наводната истражна постапка поврзана со тендери во Министерството за здравство.
Ж.ЗДРАВКОВСКА