СКОПЈАНЕЦОТ КОЈ ГИ ОПИЈАНИ И ГИ ИЗДРОГИРА ЧЕТВОРИЦАТА ТИНЕЈЏЕРИ ВО СКОПЈЕ ДОБИ ТЕШКО ОБВИНЕНИЕ И ПРОДОЛЖЕНИЕ НА ПРИТВОРОТ

    СКОПЈАНЕЦОТ КОЈ ГИ ОПИЈАНИ И ГИ ИЗДРОГИРА ЧЕТВОРИЦАТА ТИНЕЈЏЕРИ ВО СКОПЈЕ ДОБИ ТЕШКО ОБВИНЕНИЕ И ПРОДОЛЖЕНИЕ НА ПРИТВОРОТВо текот на вечерта обвинетиот од комодата во дневната соба извадил лекови „тергатол 200 мг”, „запира 10 мг” и „дијазепам 5 мг” кои ги користел како ординирана терапија за одвикнување од алкохолизам, па им ги сервирал на децата дел во таблети, дел за шмркање. (Фото:СДК.МК)

    По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против 40-годишниот скопјанец за Тешки дела против здравјето на луѓето по член 217 став 1 во врска со член 212 став 1, како и за четири кривични дела – Излагање на опасност согласно член 134 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, за четирите деца што ги издрогира и онесвести во својот двор во населбата Козле во Скопје.

    Обвинетиот, на 11 и 12 јули годинава, во неговиот дом во Козле, ставил во промет лекови што се штетни за здравјето и им дал да ги употребуваат на четири деца родени 2006, 2007, 2008 и 2009 година. Тој заедно со децата почнал да пие алкохол првично на летниковецот во дворот. Потоа во текот на ноќта и во дневната соба од куќата.

    Во текот на вечерта обвинетиот од комодата во дневната соба извадил лекови „тергатол 200 мг”, „запира 10 мг” и „дијазепам 5 мг” кои ги користел како ординирана терапија за одвикнување од алкохолизам. Им ги сервирал дел во таблети, а дел изронети, за да можат да се земат преку шмркнување со носот, „за подобро расположение“.

    „Иако бил свесен дека од ваквата комбинација на лекови и алкохол може да настапи штетна последица, тешко им го нарушил здравјето на децата. Кога лековите почнале да делуваат со нивното дејство кое манифестира вртоглавица, нерамнотежа и нарушување на свеста, децата започнале да паѓаат и се здобиле со повеќе телесни повреди“, соопшти Обвинителството.

    Обвинетиот ги оставил децата и си заминал да спие во спалната соба. Утрината кога станал, повторно ги затекнал како лежат во безсознание и ги оставил без каква било помош, иако претходно тој ги довел во опасност нивните животи.

    „При интервенција по пријава за нарушен ред и мир, полицијата ги пронашла децата паднати на подот во дневната соба со сериозно влошена здравствена состојба. Со возило на итна медицинска помош тие биле префрлени на Клиниката за токсикологија, каде што кај нив било констатирано присуство на бензодијазепини во зголемена концентрација, како и присуство на ‘карбамазепин’, ‘диазепам’, ‘нордазепам’, ‘циталограм’, ‘темапзепам’ и ‘парацетамол’ во крвта.

    Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира