СКОПЈАНИ ОД БЕГ ДОБИЈА ДВОЈНО ПОГОЛЕМИ СМЕТКИ ЗА ПАРНО ЗА АВГУСТ, ИАКО ЗГОЛЕМУВАЊЕТО ТРЕБАШЕ ДА БИДЕ 14 ОТСТО

    СКОПЈАНИ ОД БЕГ ДОБИЈА ДВОЈНО ПОГОЛЕМИ СМЕТКИ ЗА ПАРНО ЗА АВГУСТ, ИАКО ЗГОЛЕМУВАЊЕТО ТРЕБАШЕ ДА БИДЕ 14 ОТСТОДо завршување процедурата за избор на нов вршител на енергетска јавна дејност производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија, БЕГ законски е обврзана да ја врши дејноста. - Згради во Скопје (Фото: СДК.МК)

    За над 100 отсто повисоки сметки за парно добија скопјани за месец август. Граѓани кои се јавија во нашата редакција се пожалија дека од БЕГ им стигнале сметките за парно, иако месецот не е завршен.

    Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на 29 јули донесе одлука цената на парното да се зголеми за 14%, што е многу помалку од зголемувањето на сметките кои сега ги добиваат граѓаните.

    „Првпат се случува да добиеме сметки пред да заврши месецот. Ај што стигнаа порано, туку се повисоки за 100%. Зошто стигаат волку високи сметки кога поскапувањето требаше да биде само 14%“, прашува еден од граѓаните кои се јавија во нашата редакција.

    Тој ни ги приложи и сметките за парно за месец јули и август. Сметката за јули изнесува 1.977 денари, а за август 4.122 денари.

    Од РКЕ велат дека и до нив стигнале вакви поплаки од граѓани и испитуваат дали има нерегуларно зголемување.

    На 27 јуни, РКЕ ги одзеде лиценците на БЕГ за снабдување и дистрибуција на топлинска енергија, а претходно беше одземена лиценцата за производство на топлинска енергија, што значи дека БЕГ веќе ќе нема никаква врска со парното греење во Скопје.

    До завршување процедурата за избор на нов вршител на енергетска јавна дејност производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија, БЕГ законски е обврзана да ја врши дејноста.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира