СМЕНАТА НА ЧАКО ЈА ПОКАЖА ПОДАНИЧКАТА УЛОГА НА ХАСИПИ КОН ВЛАСТА, ОБВИНИ ПРАТЕНИКОТ ИБРАХИМ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СМЕНАТА НА ЧАКО ЈА ПОКАЖА ПОДАНИЧКАТА УЛОГА НА ХАСИПИ КОН ВЛАСТА, ОБВИНИ ПРАТЕНИКОТ ИБРАХИМ

    Премиерот Емил Димитриев повторно како и претходните неколку пати кога требаше Собранието да биде распуштено, се впушти во калкулантски кадровски измени, рече пратеникот Енис Ибрахим од партијата Движење на Турците.
    „На само три дена пред распуштањето на Собранието, се врши принудна замена на министерот од турската заедница Фуркан Чако. За добрите познавачи на позицијата на досегашниот лидер на партијата Кенан Хасипи од чии редови е Чако, јасно е дека станува збор за интервентна одлука за смена на министерот, бидејќи Хасипи соочен со ослабената позиција во неговата партија и заканите на младиот Чако да стане лидер на истата, ја користи својата позиција кај власта и наредува да се разреши младиот министер без ресор“ рече Ибрахим на денешната прес-конференција во Собранието.
    Пратеникот Ибрахим потенцираше дека „очигледно Хасипи заслепен од од љубовта кон власта, врши намерна деградација на Турците во Македонија согласувајќи се да именува Турчин кој би имал мандат само неколку дена“.
    Според него, новиот министер Бејџан Иљас, које беше именуван на денешната седница, со самото тоа што се согласил да ја врши функцијата за толку кратко време, „свесно се става во позиција на сегашниот дополнителен заменик министер за внатрешни работи Оливер Андонов, кој на власта и служи како марионета и гласноговорник за нивната погубна политика“.
    „Со ваквиот поданички однос на Хасипи кон власта, се потврдува старата констатација меѓу турското население, дека тој и неговата партија ниту еден ден не се залагаа за нивните права, туку единствен интерес им се личните придобивки од власта и коалицијата на власт“, рече пратеникот Ибрахим.
    Енис Ибрахим е пратеник на партијата Движење на Турците, која е коалиционен партнер на опозициската СДСМ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира