„СО КРВ ПОБЕДИВ, СО КРВ ЌЕ ИЗГУБАМ“, ПРОТЕСТ И КАМЕЊА ПРОТИВ АХМЕТИ ВО КУМАНОВО

a:1:{s:9:"td_source";s:57:"Куманово(ТВ21,САКАМДАКАЖАМ.МК)

    „СО КРВ ПОБЕДИВ, СО КРВ ЌЕ ИЗГУБАМ“, ПРОТЕСТ И КАМЕЊА ПРОТИВ АХМЕТИ ВО КУМАНОВО

    Група граѓани на Куманово денес не го пуштија да помине лидерот на ДУИ Али Ахмети кој требаше да има средба со партиските активисти во еден кумановски ресторан, објави Телевизијата 21.

    “Дали знаеш за што се боревме ние, со крв победив, со крв ќе изгубам“, викаше еден од демонстрантите по лидерот на ДУИ Али Ахмети.

    Како што објави Телевизијата група граѓани се собрале на влезот на кумановското село Черкезе, со намера да го спречат собирот на ДУИ и лидерот на партијата Али Ахмети со партискиот разгранок на ДУИ од Куманово. Собирот против лидерот на ДУИ бил организиран, како што објави ТВ 21, од семејството на Џемаил Реџепи – поранешен командант Шкипоња кој беше убиен минатото лето, по кавгите и пресметките на разгранокот на ДУИ во Куманово.

    Како што се гледа од снимките скршени се и стаклата на едно од возилата со кои пристигнала партиската делегација предводена од Али Ахмети.

    Лидерот на ДУИ Али Ахмети веќе година и пол не може да стапне во Куманово по инцидентот на 9 и 10 мај 2015 година, кога во кумановската населба “Диво насеље“, при полициската акција против терористичка група загинаа 8-мина полицајци а десетици беа повредени. Од терористите загинаа околу 14-мина. Секогаш кога Ахмети сакал да го посети Куманово, како што пишуваа медиумите, пораката од дел од жителите била дека не бил добредојден, бидејќи населението сметало дека лично Ахмети има вина за кумановскиот инцидент.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира