После повеќе од 60 години, темелно е реновиран првиот спрат на Клиниката за гастроентерохепатологија, рече денеска директорката д-р Калина Гривчева-Старделова. Реновирањето, како што рече премиерот Димитар Ковачевски, е финансирано од Командата на САД за Европа, во вредност од повеќе од 400 илјади долари.
„Комплетно е реновиран првиот спрат кој практично опфаќа половина од просторот со кој располагаме, а каде се сместени одделите за интензивна нега, за постинтензивна нега, кабинетите за дијагностички и интевентни процедури. Нашите пациенти и вработени добиваат модерен простор кој целосно ги задоволува медицинските стандарди за третман и нега. Клиниката е реновирана од корен, со поставување на водоводна, електрична инсталација, подови, плочки, имаме конечно систем за централна венитлација, централен килсород поставен на секој кревет“, рече д-р Гривчева-Старделова, заблагодарувајќи се на поддршката на Американската амбасада.
Американската амбасадорка Анџела Агелер рече дека со реновирањето на Клиниката, се подобрува стандардот и грижата, не само за пациентите, туку и за посветениот медицински кадар.
Б. НЕСТОРОСКА