СО НАД 600 ИЛЈАДИ КЛИЕНТИ И 200 ВРАБОТЕНИ, „ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ“ E ЛИДЕР СО 21 ОТСТО РАСТ И НАД МИЛИЈАРДА ДЕНАРИ ПРЕМИЈА

    СО НАД 600 ИЛЈАДИ КЛИЕНТИ И 200 ВРАБОТЕНИ, „ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ“ E ЛИДЕР СО 21 ОТСТО РАСТ И НАД МИЛИЈАРДА ДЕНАРИ ПРЕМИЈАВо декември годинава компанијата достигнала рекорден износ на бруто полисирана премија, кој надминува милијарда денари, кажаа од компанијата. (Фото: Еуролинк осигурување)

    Компанијата „Еуролинк осигурување“, формирана во 2002 година годинава бележи раст  од 21 % во споредба со истиот период лани, во услови кога пазарот пораснал 18 %. 

    Заклучно со третиот квартал компанијата бележи раст од 21% во споредба со истиот период претходната година, во услови кога растот на пазарот се движи околу 18%. Веќе во декември годинава достигнува рекорден износ на бруто полисирана премија, кој надминува милијарда денари, со што компанијата ги достигнува и надминува резултатите од предкризната 2019 година. ‘Еуролинк’ е формирана со капитал од 3,2 милиони евра, а денес капиталот на компанијата достигнува 9,5 милиони евра, што дополнително говори за нејзината стабилност“, велат во „Еуролинк“.

    Компанијата започна со работа кон крајот на 2002 година и од самите почетоци до денес постигнува континуиран и стабилен раст. Од првите издадени полиси за осигурување од незгода, имот и менаџерско осигурување во текот на 19 години работа, ‘Еуролинк ја стекнала довербата на повеќе од 600.000 клиенти и над 200 искусни и посветени вработени.

    „Основа на нашата стратегија е да овозможиме најдобра услуга за клиентите преку одговорно работење, достапност и партнерски однос. Тоа подразбира добро поставени процеси, одговорна ценовна политика, одлично едуциран и обучен кадар и флексибилни начини на комуникација со нашите клиенти, за да бидеме достапни за клиентите во време, место и на начин кој најмногу им одговара. Исто така, од 2020 годинa зад Еуролинк стои моќната осигурителна групација ГРАВЕ со речиси 200 години искуство во областа на осигурувањето, што ни овозможува уште поголема стабилност и поддршка во работењето за добро на нашите клиенти и вработени“, вели Марија Томеска, претседател на управниот одбор на Еуролинк осигурување.

    На пазарот за неживотно осигурување се забележува активна конкуренција и приближување во пазарните удели во повеќе класи, но Еуролинк осигурување остана да биде избор број еден за осигурениците, особено во класите на приватно здравствено осигурување, општа одговорност и осигурување на имот.

    „За годината што следи, Еуролинк најавува нови активности насочени кон развивање на пазарот за осигурување, унапредување на услугите за клиентите и уште повисок степен на дигитализација што ќе го забрза процесот на исплаќање штети и дополнително ќе го олесни процесот на купување полиси“, е новитетот на компанијата за осигурување.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира