СО ПОМОШ НА ХОЛАНДИЈА ЌЕ СЕ УЧАТ МАКЕДОНСКИТЕ ДЕЦА ДА ГО РЕЦИКЛИРААТ ОТПАДОТ

    СО ПОМОШ НА ХОЛАНДИЈА ЌЕ СЕ УЧАТ МАКЕДОНСКИТЕ ДЕЦА ДА ГО РЕЦИКЛИРААТ ОТПАДОТ

    Со театарска претстава за деца во Драмскиот театар во Скопје почна проектот за едукација на младите за начинот и придобивките од рециклирањето и правилниот третман на отпадот кој заднички го реализираат Амбасадата на Холандија во Македонија и компаниите „Пивара Скопје“, „Пакомак“ и „Нула отпад“. Театарската претстава „Зелена планета“ е наменета за деца од прво до петто одделение. Во неа на забавен начин на децата им се пренесуваат пораки за значењето на селектирањето и третманот на различен вид отпад, почнувајќи од хартијата, пластиката, стаклото, лимената амбалажа, па се до електронскиот отпад.

    „Како што е случајот и со Холандија, за секоја општествена промена потребна е здружена акција на државните институции, граѓанското општество, деловниот сектор и граѓаните. Заедно со ’Пакомак’ и ’Пивара Скопје’ континуирано се обидуваме да дадеме пример за ова – преку акции за чистење и возење велосипед како и преку промовирање на одржлив начин на живеење. Ми претставува задоволство што денес заедно отпочнуваме нова иницијатива насочена кон запознавање на децата со културата на рециклирање, бидејќи децата секогаш се идните носители на општествените промени“, рече амбасадорот на Кралството Холандија, Ваутер Пломп.

    Јован Радосављевиќ, генерален директор на „Пивара Скопје“ смета дека претстава е начин за мотивирање на идните генерации одгооворно да се однесуват кон животната средина. Извршниот директор на „Пакомак“, Филип Ивановски нагласи дека главната порака која сакаат преку претставата да им ја пренесат на децата е дека селекцијата на отпадот мора да стане навика и обврска на сите.

    Тетатaрската претстава планирано е годинава да ја видат најмалку 10.000 деца ширум земјава. Таа дел од платформата „Дали рециклирате!?“ во чии рамки беше реализирана и акцијата за чистење на дел од кејот на Вардар во Скопје во чии рамки вработени во „Пивара“, во „Пакомак“ и во холандската амбасада го собраа сувиот отпад кој потоа беше рециклиран.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира