СОБРАНИЕТО ГИ ИЗБРА И ЗАМЕНИЦИТЕ МИНИСТРИ КОЛЕМИШЕВСКИ, НАУМОВСКА И МЕХМЕДОВИЌ

    СОБРАНИЕТО ГИ ИЗБРА И ЗАМЕНИЦИТЕ МИНИСТРИ КОЛЕМИШЕВСКИ, НАУМОВСКА И МЕХМЕДОВИЌРасправата за новите министри и заменици министри траеше два дена. - Новите заменици министри во Собранието (Фото: К. Попов)

    Собранието вечерва избра и тројца нови заменици министри. Кирил Колемишевски беше изгласан за заменик министер во Министерството за економија со 62 гласа „за“ и 13 „против“, Елизабета Наумовска за заменик министер во Министерството за образование и наука со 63 „за“ и 15 „против“ и Неџат Мехмедовиќ за заменик министер во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците со 61 глас „за“ и 13 „против“.

    Претходно денеска, со 64 гласа „за“ и 18 „против“, Собранието ја избра Нина Ангеловска за нова министерка за финансии, а веднаш по неа, пратениците го изгласаа и Хисен Џемаили за нов министер без ресор, со 61 глас „за“ и 21 „против“.

    Расправата за новите министри и заменици министри траеше два дена, од кои најголем дел пратениците расправаа за новата министерка за финансии Ангеловска.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира