СОБРАНИЕТО ГИ ИЗГЛАСА ЗАКОНСКИТЕ ИЗМЕНИ ЗА ПОГОЛЕМА ПЛАТА ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР ЗА 5 ОТСТО

    СОБРАНИЕТО ГИ ИЗГЛАСА ЗАКОНСКИТЕ ИЗМЕНИ ЗА ПОГОЛЕМА ПЛАТА ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР ЗА 5 ОТСТОПоголеми плати ќе има за вработените во администрација, здравство, социјала, образование, одбрана, полиција и во целиот јавен сектор. (Фото: СДК.МК)

    Собранието ги изгласа измените и дополнувањата на Законот за исплата на плати со кои септемвриската плата на вработените во јавниот сектор се зголемува за пет отсто.

    Поголеми плати ќе има за вработените во администрација, здравство, социјала, образование, одбрана, полиција и во целиот јавен сектор.

    Законските измени беа усвоени по претходна расправа меѓу власта и опозицијата во Собранието, откако претходно на собраниската Комисија за труд и социјална политика не беше усвоен амандманот на опозицијата зголемувањето на платите да биде 10, а не 5 отсто.

    Од Владата вчера информираа дека исплатата на септемвриските плати ќе биде навреме и дека ова е трето зголемување на платите во здравството, а второ во одбраната, образованието и за вработените во детските градинки.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира