СОБРАНИЕТО ИТНО ЌЕ ГО СМЕНИ ЗАКОНОТ ЗА ДА НА СТУДЕНТИТЕ ИМ ГИ СПАСИ ОД ПРОПАЃАЊЕ 140-ТЕ ДЕНАРИ ДНЕВНО ЗА ОБРОК АКО НЕ ГИ ТРОШАТ СЕКОЈ ДЕН

    СОБРАНИЕТО ИТНО ЌЕ ГО СМЕНИ ЗАКОНОТ ЗА ДА НА СТУДЕНТИТЕ ИМ ГИ СПАСИ ОД ПРОПАЃАЊЕ 140-ТЕ ДЕНАРИ ДНЕВНО ЗА ОБРОК АКО НЕ ГИ ТРОШАТ СЕКОЈ ДЕНВо моментов, ако студентот не ги искористи парите за дневниот оброк, веќе утредента му се пропаднати - Од студентскиот протест на 5 февруари (Фото:СДК.МК)

    Сите присутни пратеници во Собранието на денешната седница, без разлика дали се власт или опозиција, денеска гласаа за потреба по итна постапка да им се врати располагањето на студентите на 140-те денари дневен оброк што им следува, кога сакаат тие да го потрошат, а не да им пропаднат парите ако во денот не успеале да ги потрошат.

    Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски, еден од тројцата предлагачи на измените на Законот за субвенционирање на студентскиот оброк, кажа дека не е во ред овие пари да им пропаѓаат на студентите, само затоа што во денот спремале испит, биле на предавања и не биле во можност да отидат да испазарат со нив.

    Стојановски побара да им останат овие пари за викенд, за да можат студентите кога се послободни да си купат во еден наврат што им треба.

    Откако сите партии ја изгласаа оваа итна потреба за менување на овој дел од Законот, претседателот на Собранието Јован Митрески ги задолжи претседателите на надлежните собраниски комисии да свикаат седници и да го известат за датумите.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира