Распуштањето на собранието ќе биде втора точка на дневниот ред на седницата во понеделник по точката за усвојување на Буџетот за 2017 година, соопшти кабинетот на претседателот на собранието Трајко Вељановски.
„Законските рокови во целост и без исклучок дозволуваат тој чин да се направи на 17 октомври за да може да се одржат изборите на договорениот датум на 11 декември“, се вели во соопштението.